Што е СИЗП?
СИЗП - Системот за идентификација на земјишни парцели е систем со кој се идентификува земјоделското земјиште што тековно се обработува. Системот користи прецизни авионски снимки, на кои е прикажана реалната состојба на земјиштето и неговата употреба. Со помош на СИЗП, графички се исцртуваат земјишните парцели и автоматски се пресметува точната површина на земјиштето.

повеќе

Локацијата на земјишните парцели ќе се утврдува во присуство на земјоделците, во подрачните единици на:
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)
-Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) и
-ЈП Македонски Шуми (ЈПМШ)

Со регистрацијата на земјиштето во СИЗП, земјоделците ќе имаат повеќе  придобивки,  и тоа:

-право на добивање субвенции во иднина и поедноставна постапка за аплицирање;
-земјоделецот ќе знае кое земјиште може да го пријави во иднина;
-процесот на пријавување на земјиштето во иднина ќе биде поедноставен и побрз, бидејќи од година во година ќе се регистрираат само промените настанати на парцелата;
-ќе се намали ризикот од лажни барања за субвенции и повеќе средства ќе се распределат на вистинските производители;